ОФИЦИЈАЛНО: Прилеп го потврди трансферот на Чурлевски

Чурлевски

Екипата на Прилеп денес го потврди трансферот на Филип Чурлевски. Повремениот македонски репрезентативец ќе ја засили средната бековска позиција во тимот на Горан Кузмановски.

28-годишникот се раздели со Еурофарм Пелистер по истекот на договорот и одлучи да ја продолжи кариерата во непосредна близина на Битола.

Чурлевски потекнува од школата на битолскиот прволигаш, а одреден период мина во Вардар Јуниор. Раул Гонзалез му даде шанса да дебитира во репрезентативниот дрес.

Нoвиот суперлигаш претходно се засили со Цинцадѕе, Чантурија, Шокоски и Христоски.