ОФИЦИЈАЛНО: Пецаковски по четврти пат се врати во Металург

Победникот на Купот, скопски Металург денес го официјализираше седмото засилување во преодниот рок. Левиот бек Дејан Пецаковски во новата сезона одново ќе го облече сино-белиот дрес и ќе ги брани боите на Металург.

Иако потекнува од школата на Пелистер, Пецаковски по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно за овој клуб настапувал во сезоните 2005/06, 2007/08 и 2013/14. Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник, откаде и дојде повторно во Металург.

Металург и Пецаковски договорија соработка во траење од една година. Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона, откако претходно за клубот од Автокоманда потпишаа и Лука Вујовиќ (пикер), Милан Поповиќ (лево крило Даниел), Равез Чантурија (десно крило), Маријан Мариќ (лев бек), Иракли Кбилашвили (централен бек) и Даниел Ѓоргески (голман).