ОФИЦИЈАЛНО: Остроушко е засилувањето на Еурофарм за ЛШ

Екипата на Еурофарм Работник го потврди ангажманот на старо-ново име во своите редови, затоа што украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко е пак во Битола стана „фармацевт“.

Остроушко беше еден од најдобрите играчи на македонскиот вицепрвак во ланската сезона, но неочекувано се збогува со тимот и замина во Романија. По само два месеци престој во романскиот шампионат, тој се врати во Македонија, како засилување за Еурофарм во Лигата на шампионите.

Договорот меѓу двете страни е едногодишен. Дебито во старо-новата средина оваа сезона Остроушко ќе го има против Спортинг Лисабон, на првиот историски натпревар на тимот во ракометната Лига на шампиони.

Претходно, Остроушко пристигна во Еурофарм Работник на стартот на 2019 година од турски Селкаспор. Во својата кариера тој настапуваше и за Баја Маре, швајцарски Кадетен, Азоти Пулави.