ОФИЦИЈАЛНО: Охрид го претстави најголемото засилување!

Екипата на Охрид ги потврди шпекулациите кои што беа активни извесен период и го претстави најголемото засилување оваа сезона.

Нов член на македонскиот суперлигаш е Ловро Јотиќ, ракометар кој е добро познат кај македонската ракометна јавност. 29-годинишниот среден бек со ГРК Охрид потпиша договор кој ќе има важност до 2026 година.

Доаѓа од екипата на Нексе Нашице од Хрватска, а пред тоа го носеше дресот на бундеслигашот Лајпциг, настапуваше во македонското првенство за Вардар и Еурофарм Пелистер како и во данскиот шампион Алборг и хрватскиот шампион Загреб

Зад себе има богата кариера и многу искуство кои ќе бидат од големо значење во амбициите на охриѓани оваа сезона.

ФОТО: Ohridnews