ОФИЦИЈАЛНО: Нант во Вардар ја пронајде замената за Пешмалбек

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 од следната сезона ќе остана без едно од летните засилувања, кое се покажа како вистински погодок и моментално е еден од клучните ракометари во ростерот на Веселин Вујовиќ.

Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото по само една сезона ќе се раздели со „црвено-црното“ семејство, затоа што својата кариера ќе ја продолжи во Франција, во редовите на Нант, каде потпиша договор на три сезони.

29-годишниот Тото одигра одлични шест натпревари во Лигата на шампионите и го привлече вниманието на големите европски клубови. Кружниот напаѓач има 29 години, а потекнува од школата на Кретеј, каде играше од 2011 до 2017 година. Потоа направи трансфер во Сант Рафаел и со овој тим беше дел од ЕХФ Купот. Своите најдобри денови ги мина во Висла, клуб откаде дојде во Скопје.

Французинот е висок 197 сантимети и тежок 106 килограми, неприкосновен е во играта во одбрана, а има и добра реализација во нападот. Нант во него гледа големо засилување и замена на српскиот кружен напаѓач Драган Пешмалбек, кој се сели во Веспрем.