ОФИЦИЈАЛНО: Младеновиќ нов член на „гладијаторите“ од Охрид

Ракометниот клуб Охрид се пофали со младо засилување во Михајло Младеновиќ. 20-годишникот игра на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на Металург.

Македонскиот репрезентативец ќе биде уште една офанзивна опција за тренерот Раде Стојановиќ, кој одлично го водеше тимот во есенскиот дел од сезоната во македонската Суперлига.

Екипата на Охрид одигра 12 натпревари и стана првиот тим кој во регуларниот дел на првенството победил на сите натпревари.