ОФИЦИЈАЛНО: Милан Поповиќ е првото засилување на Металург

По серијата на заминување, екипата на Металург конечно го доведе своето прво засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од Битола од редовите на Пелистер. 

Едно од најдобрите леви крила во последната сезона на Суперлигата, Милан Поповиќ, откако не успеа да пронајде заеднички јазик, реши да ги напушти „зелено-белите“ редови, но останува во Македонија. 

Оваа ситуација ја искористи Металург, кој експресно реагираше и постигна договор на една сезона со црногорскиот репрезентативец.

Поповиќ одигра блескави партии во „зелено-белиот“ дрес. Беше предводник на тимот на речиси сите натпревари во Суперлигата и сезоната ја заврши со 174 гола.