ОФИЦИЈАЛНО: Матиќ и Чокнаи ќе ја водат Унгарија на Мундијалот

Само еден месец откако доби отказ од Веспрем, Љубомир Врањеш не е повеќе селектор на Унгарија. Српскиот стручњак со унгарски пасош Владан Матиќ и Иштван Чокнаи ќе ја водат репрезентацијата на Унгарија на Светското првенство во Германија и Данска. 

Матиќ моментално е тренер во Татабања, а веќе беше селектор на Унгарија од 2008 до 2010 година, а ги водеше и унгарските екипи ПИК Сегед и ФТЦ  и словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Двајцата на вчерашната прес-конференција ветија максимален ангажман и потајно повторување на четвртфиналето на последното Светско првенство во Франција. 

Унгарија на Светското првенство е дел од групат Д заедно со селекциите на Ангола, Аргентина, Египет, Катар и Шведска.