• Иван Димовски

Еурофарм Пелистер договори големо засилување за следната сезона и потпиша договор со македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.
Десниот бек стави потпис на двегодишна соработка со пелистерци, откако реши да замине од Алкалоид по истекот на договорот. Серафимов пристигна во Битола и парафира договор по долги преговори со актуелниот шампион на Македонија. На пелистерци бекот ќе им се приклучи на стартот на подготовките за новата сезона.
Во Еурофарм Пелистер тој доаѓа директно од редовите на ривалот Алкалоид каде што настапуваше во минатите години. Во минатото Серафимов првите ракометни чекори ги направи во Металург, а настапуваше за сите младински категории во Македонија, како и во сениорскиот тим.




