ОФИЦИЈАЛНО: Марио Танкоски го земени дресот на Пелистер со оној на Вардар

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар 1961. Повремениот македонски репрезентативец, кој игра на позицијата среден бек, ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.

Танкоски потекнува од Струга, од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола, во редовите на Еурофарм Пелистер, се враќа во Скопје. Зад себе има две титули, еден Куп и два Суперкупа на Македонија.

Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година. Вардар 1961 летово остана без двајцата средни бекови, кои беа водечка сила минатата сезона. Јапонецот Јасихира пред два дена се збогува со фановите по позајмицата од Висла, а Карапалевски потпиша во Ваљадолид.