• Иван Димовски
Поранешниот вардаров среден бек, Лука Циндриќ по четири сезони замина од таборот на Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Романија.
Динамо Букурешт се пофали со потписот на тригодишна соработка со еден од најдобрите бекови на својата генерација. Циндриќ, иако имаше повреди во последните неколку години, сепак може да биде од огромна помош за романскиот колектив. Динамо извиси за место во Лигата на шампионите и ќе игра во второто по ранг европско натпреварување, а таму ќе биде еден од фаворитите за тронот.
Што се однесува до Циндриќ, тој во Букурешт парафира договор со важност од три сезони до 2026 година. Хрватот има три трофеи во Лигата на шампионите, еден со Вардар и два со Барселона, па ќе биде сериозно засилување за тимот на Чави Пасквал.
Кариерата на Лука Циндриќ, преку хрватски Карловац го одведе во Металург. По една сезона и блесок во тимот од Автокоманда, Вардар го „украде“ одличниот среден бек. Сепак, по распадот на ѕвездениот тим, Циндриќ продолжи една сезона во Киелце, а потоа во 2019 година се пресели во Барселона.