ОФИЦИЈАЛНО: Карабатиќ влезе во составот на Франција за СП 2019

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Никола Карабатиќ, еден од најдобрите светски ракометари, официјално е регистриран во составот на Франција за наредните предизвици на Светското првенство (СП) кое се игра во Германија и Данска.

Бекот на ПСЖ беше под знак прашалник за овој Мундијал, но дојде во Берлин и ѝ се стави на помош на репрезентацијата. Најави дека ќе помогне, а по повредата на Седрик Сораиндо, селекторот Динар го внесе во официјалниот список и тој ќе може да игра на следните натпревари.

Франција има три победи и едно реми и е на првото место во групата А. Селекцијата веќе е во следната фаза, а последниот меч од првата рунда го игра против Русија.