ОФИЦИЈАЛНО: Кантегрел си оди од Вардар, потпиша договор со Тулуз!

Робин Кантегрел по само една сезона го напушта Скопје и Вардар, а ќе се врати во француското првенство каде што ќе го брани голот на Тулуз.

Чуварот на мрежата стави потпис на договор со овој тим до 2023 година, откако не успеа да се наметне во Вардар. Иако од него се очекуваше многу, Кангетрел не беше прва опција, а често ниту втора за голот на „црвено-црните“, па не остави трага во оваа сезона. Клубот од Франција го промовира новото засилување со компилација од негови одбрани, со најава дека ќе го брани нивниот гол наредните две сезони. 

  • Официјализација на трансферот на Кантегрел: 

Пред Вардар, Кантегрел бранеше за Понто Комбо, а пристигна во Скопје од редовите на Сесон Рен. Беше најавен како големо засилување, можеби голман кој ќе остане подолго во Вардар, но откако не ги исполни очекувањата, на „мала врата“ заминува од редовите на двократниот европски првак.