ОФИЦИЈАЛНО: Кадетен Шафхаузен склучи соработка со Жоан Кањељас

Жоан

Членот на шампионската екипа на Вардар, Жоан Кањељас, ќе ја продолжи кариерата надвор од ПИК Сегед.

Од наредната сезона тој ќе биде дел од екипата на Кадетен Шафхаузен. Шпанскиот интернационалец се обврза на двегодишен договор.

Ова ќе биде петти различен шампионат за 34-годишникот, кој претходно беше дел од шпанското, германското, македонското и унгарското првенство.

Најголемите успеси во клупската кариера ги постигна додека престојуваше во Скопје, кога се израдува на престижната титула во Лигата на шампионите.