ОФИЦИЈАЛНО: Јована Саздовска нова ракометарка на Турингер!

Македонската ракометна репрезентативка Јована Саздовска го комплетира трансферот во Германија и во иднина ќе ги брани боите на учесникот во елитата Турингер.

Трансферот кој претходно го најави Gol.mk се реализира денес и Саздовска потпиша договор со учесникот во Лигата на шампионите до 30 јуни, 2020 година. Левото крило доаѓа како слободна ракометарка, а претходно ги бранеше боите на ЖРК Вардар.

Во тимот таа доаѓа како замена за Нина Шилк. Пред да потпише во Вардар, Саздовска настапуваше и за уште еден македонски суперлигаш, ЖРК Металург.