
Најавите на Gol.mk од вчера добија потврда денес - Кристијан Дисингер потпиша договор со екипата на Вардар. Истиот е во трајност од две години, а Германецот најпрво ќе ги помине лекарските прегледи, па ќе и се приклучи на екипата.
26-годишникот се очекува да ја дели минутажата со Вуко Борозан и да биде огромно засилување на залетаните вардарци во новата сезона. За „црвено-црните“ ова е седмо засилување во новата сезона.
Германскиот репрезентативец зад себе има настапи во екипите на Кил, Либек, Шафхаузен и Фризенхајм. Тој е првиот Германец кој остварил соработка со македонскиот шампион.
Вардар игра одлично во новата сезона и се очекува повторно да биде меѓу фаворитите за врвот во Лигата на шампионите.