ОФИЦИЈАЛНО: Чаневски четири години на голот на Бутел Скопје

Чаневски

Градимир Чаневски и официјално е претставен како нов член на екипата на Бутел Скопје. Голманот доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер.

33-годишникот потпиша соработка со новиот клуб во трајност од четири години. Претходно ги бранеше боите на Металург, Вардар и Вардар јуниор.

„Имав неколку понуди од странство и од Македонија, но понудата од Бутел Скопје беше најдобра за мене. Имавме разговори со сопственикот на клубот и сфатив дека станува збор за амбициозен проект поддржан и воден од одличен кадар. Бутел има добра екипа, хомогена и сите се како еден, а тоа е одличен предуслов. Од тоа што го знам, Бутел е еден од најорганизираните и најпрофесионалните клубови во Македонија. Среќен сум што се враќам во Скопје по пет години поминати во Битола. Сега следува малку одмор, а потоа да се фатиме за работа, затоа што не очекува напорна и интересна сезона“, изјави чуварот на мрежата.

Бутел претходно се засили од Охрид, потпишувајќи едногодишен договор со Денис Тот.