ОФИЦИЈАЛНО: Борче Марковски е нов тренер на Пелистер

Како што најавивме уште минатата недела, битолскиот стручњак Борче Марковски е новиот тренер на битолски Пелистер. Денес клубот ја официјализираше соработката со Марковски, кој доби договор до крајот на сезоната и ќе се обиде да го врати Пелистер во ракометна Европа. Клубот разговараше и со други тренерски имиња како Шундовски, Каменица, Ѓукиќ, но сите имаат обврски кон своите клубови и репрезентации во сезоната која е во тек.

Марковски од декември 2016 година поседува мастерс-лиценца и пред него е голем предизвик во кариерата. Битолчанецот како селектор ја однесе женската младинска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Словенија. Нему ќе му помагаат Велјановски и Атанасовски, кои беа дел од стручниот штаб на неговиот претходник, Стевче Алушовски.

Новиот тренер попладнево ќе биде претставен пред ракометарите и ќе го одработи првиот тренинг. До крајот на месецот Пелистер ќе доведе уште неколку заасилувања, главно млади ракометари на возраст меѓу 19 и 21 година, кои треба да претставуваат иднина на клубот.

Пелистер презими како лидер во Суперлигата и врза 12 победи по ред, откако на стартот загуби од Радовиш.