ОФИЦИЈАЛНО: Блаж Јанц си оди од Киелце, го менува Исланѓанец

Екипата на Киелце ќе прави промена на крилната позиција, затоа што по крајот на сезоната официјално си заминува Блаж Јанц.

Словенечкиот 23-годишен репрезентативец нема да го продолжи договорот со полскиот тим, а иако не е потврдено, се пишува на големо дека тој се договори со шпанска Барселона.

На негово место во Киелце доаѓа 25-годишниот Сигвалд Гудјонсон, исландско крило кое доаѓа од Елверум.

Блаж Јанц мина три години во Киелце, а со неговите добри партии се афирмира во ракометот како едно од најдобрите млади крила во светот.