• Сашо Поповски

Норвешкиот репрезентативен голман Торбјерн Бергеруд од наредната сезона ќе настапува во редовите на ГОГ Гудме.
Данскиот клуб го официјализира трансферот на еден од најдобрите голмани на денешницата, кој во изминатите три сезони ги бранеше боите на Флензбург.
„ГОГ е клуб кој игра брз и добар ракомет и сигурен сум дека тука ќе се развивам како играч. Покрај тоа, ГОГ е меѓу најдобрите тимови во Данска и за мене беше важно да дојдам во клуб што игра за титули“ , изјави 26-годишникот.
Договорот меѓу двете страни е на една година. Тоа дополнително ги разгорува шпекулациите дека талентираниот Норвежанец од 2022 година ќе потпише со ПСЖ.
Бергеруд е редовен член на норвешката репрезентација со која има освоено два сребрени медали на Светските првенства.