ОФИЦИЈАЛНО: Аргентинецот Милано потпиша со Вардар!

Актуелниот селектор на Аргетина, Ѓиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и најмалку до крајот на сезоната ќе ги предводи „црвено-црните“. Постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен.

На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар. Милано е професионалец со над 20 години искуство како тренер во клубови и во машката репрезентација на Аргентина. Има учествувано на над 50 меѓународни турнири, вклучувајќи 4 Олимписки игри, 19 светски првенства, 4 Панамерикански игри, 4 Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20 меѓународни турнеи.

Во своето тренерско образование има учено и бил на обуки на многу познати тренери како Талант Дујшебаев, Мануел Каденас, Мануел Лагуна, Дидие Динар, Ксавиер Пасквал и Тони Жерона. Во моментов е селектор на машката репрезентација на Аргентина наде се наоѓа на позицијата од 2021 година.

Претходно беше помошник тренер, а бил одговорен и за сите младински селекции на Аргентина. Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните олимписки игри во Франција, на СП 2023 година во Полска и Шведска, а беше победник на Панамериканските игри во 2024 година победувајќи го Бразил.