ОФИЦИЈАЛНО: Андреј Хапал четврто засилување на ГРК Тиквеш

Белорусинот Андреј Хапел од денес е нов ракометар на ГРК Тиквеш, откако неколкудневните преговори вродија со плод. Десното крило се обврза на договор на една сезона со новиот суперлигаш и претставува четврто засилување за екипата на Томе Петрески, по Смиљаниќ, Медиќ и Георгиески. 

Некогашниот член на Еурофарм Работник во Кавадарци доаѓа од Естонија и треба да биде големо засилување за новиот суперлигаш. 

Брзото крило има 26 години, а претходно настапуваше за Викторија Минск и Кронон Гродно.

Кавадаречкиот клуб најави дека преодниот рок не е завршен и наскоро ќе биде доведен уште еден ракометар.