• Горан Упале
Еден од најдобрите ракометни голмани во последната деценија, Андреас Волф и официјално се врати во Бундеслигата и одново ќе го носи дресот на Кил.
Германскиот гигант потврди дека од следната сезона меѓу стативите на тимот ќе застане фантастичниот голман. Волф со Кил потпиша договор до 2028 година, а бидејќи германскиот голман беше под договор со Киелце, бундеслигашот мораше да плати оштета. Засега не се знае сумата, но медиумите во Германија шпекулираат со половина милион евра.
Така, Волф по пет години се враќа меѓу стативите на Кил, за кого претходно настапуваше три сезони.
Покрај Кил се споменуваше и германскиот првак Магдебург како потенцијална дестинација на 33-годишниот голман. Сепак, повикот од поранешниот клуб не можеше да се одбие. Во кариерата, тој освен во Кил и Киелце, бранеше за Вецлар, Гросвалдштад и Кирцзел.