ОФИЦИЈАЛНО: Андерсон продолжува да тресе мрежи до 2023 година

Ким

Ветеранот Ким Андерсон не планира за скоро време да го напушти ракометот. Неговиот сегашен клуб Истадс потврди дека постигна согласност за нова соработка, која ќе го задржи искусниот десен бек во тимот до 2023 година.

38-годишникот е еден од најдобрите на својата позиција во историјата на шведскиот ракомет. Долго време беше дел од репрезентацијата за која постигна повеќе од 800 гола.

Истадс е клубот каде што феноменалниот голгетер ја започна кариерата пред 23 години. Потоа се пресели во Савехоф, а ги бранеше боите уште на Кил и Колдинг.