ОФИЦИЈАЛНО: Алекс Душебаев ја избра Бундеслигата пред Вардар

Некогашниот член на Вардар, Алекс Душебаев, по осум сезони заминува од Келце и ќе има нов предизвик во кариерата, каде ја одбра германската Бундеслига.

Иако беше поврзуван со Вардар и Кил, сепак шпанскиот репрезентативец ќе заигра за тимот на Гумерсбах со кого потпиша договор до 2029 година.

33-годишниот Душебаев ќе биде дел од клубот што е предводен од легендарниот Гудјон Валур Сигурдсон.

За Шпанецот, Гумерсбах ќе биде шести клуб во кариерата, по Киелце, Вардар, Арагон, Ла Риоха и Сиудад Реал.