ОФИЦИЈАЛНО: Алборг се засили со уште едно ѕвездено име

Она што се најавуваше во изминатиот период, денес доби потврди. Норвешкиот репрезентативец Кристијан Бјерсен потпиша договор со екипата на Алборг.

Данскиот првак има амбициозен план за наредните сезони. Тој го вклучува Микел Хансен, кој го шокира ракометниот свет кога одлучи кариерата да ја продолжи надвор од ПСЖ.

Управата ќе гради тим околу Хансен, а едно од првите парчиња од сложувалката е Норвежанецот. Тој се обврза на тригодишна соработка со новата екипа, која ќе започне на крајот од тековната кариера.

Искусниот ракометар доаѓа од редовите на Вецлар, каде ја делеше соблекувалната со нашиот Филип Миркуловски.

32-годишникот досега има запишано 135 настапи за Норвешка и има постигнато 536 погодоци.