• Горан Упале
Искусниот Никола Митревски и Жарко Пешевски се враќаат во составот на Македонија. Селекторот Кирил Лазаров ги врати пелистерците во својот ростер, откако двајцата поради ситни повреди не настапија на дуелот со Данска на отворањето на Европското првенство.
На натпреварот со Португалија нема да настапат младите Иван Галевски и Самоил Ристевски, како и Дамјан Митев, кој беше надвор од составот и против домаќинот.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија е закажан за од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
На првата средба со домаќинот Данска загубивме со 12 гола разлика, додека Португалија покажа квалитет против Романија и шампионатот го започна со триумф.





