ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Вардар со Дисингер ќе му се спротистави на Киелце

Македонскиот ракометен шампион, Вардар, е пред нов голем предизвик во ракометната елита. Ланскиот освојувач на Ф4 турнирот во Келн вечерва гостува кај големиот ривал Киелце во рамки од осмото коло на Лигата на шампионите, а тренерот Кокшаров ги откри адутите за овој дуел.

Во неговиот ростер има 15 ракометари, а место имаше и за германскиот бек Кристијан Дисингер, но сè уште шансите за негов настап на ова дерби се минимални. Познато е дека за Полска не отпатува ниту Кристопанс, па така рускиот стратег се соочува со истите проблеми на бековската позиција како на претходниот меч со полскиот шампион во Скопје. 

Составите на Киелце и Вардар: 

Мечот меѓу големите ривали е закажан за денес од 18:00 часот, а истиот ќе биде петта шанса за вардарци за деби-победа на полско тло над Киелце. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4