ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Пелистерци без Радивојевиќ, Гедбан и Васиљев против Алборг

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва првпат ќе гостува во кам-бекот во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион по поразот од Колштад во воведното коло пред себе има уште еден тежок испит, бидејќи противник му е моќниот Алборг.

Данскиот првак и на оваа средба ќе настапи со многу ѕвезди во својот тим, а секако водич ќе им биде Микел Хансен. Александар Јовиќ пак направи неколку замени во однос на дуелот со Колштад. Во тимот го нема рускиот кружен напаѓач Данис Васиљев, последното засилување Радивојевиќ како и голманот Гедбан.

  • Составите за натпреварот Алборг – Пелистер:

Натпреварот меѓу данскиот и македонскиот шампион започнува од 20:45 часот.