ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Недановски со сите седум новајлии против „лавовите“

Двократниот европски шампион, РК Вардар 1961 се соочува со германскиот гигант, Рајн Некар Левен во првиот дуел од баражот за пласман во Европската лига на ЕХФ. 

„Црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача, но навивачите се надеваат дека вардарци би можеле да стигнат до сензација против силниот ривал од Германија. Тренерот Владо Неданоски ги сврсти сите седум странски засилувања во официјалниот протокол за дуелот со германскиот победник на Купот. 

Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јасухира, Нилтон Мело, Ансер Родригез и Виктор Гарсија Алонсо ќе ги одиграа првите минути во дресот на Вардар 1961. Германците дојдоа со младите ѕвезди Кнор и Киркелоке, со поранешниот ас на Металург. Халил Јагањаџ, со Грецки, Оскарсон, Колбахер...

Официјални состави за мечот помеѓу Вардар 1961 и Рајн Некар Левен: 

Натпреварот од прелиминарната рунда за Европската лига помеѓу Вардар 1961 и Рајн Некар Левен ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 19:00 часот.