• Зоран Мишевски

По одложувањето на натпреварот Металург - Фиверс, вечерва во центарот на вниманието ќе биде натпреварот на Еурофарм Пелистер во Германија против Рајн Некар Левен.
Ако Жељко Бабиќ уште во неделата откри со кои ракометари ќе излезе на мегдан на бундеслигашкиот лидер, неговиот домаќин Мартин Швалб попладнево го објави тимот, откако на официјалниот состанок Рајн Некар Левен пријави шеснаесет ракометари.
Германците ќе играат без десното крило Патрик Грецки, кружниот напаѓач Рафаел Баена, десниот бек Александер Петерсон и без двајцата голмани Андреас Паличка и Микаел Апелгрен. Битолчани пријавија само едно лево крило, а дел од натпреварот нема да бидат Костески, Маџовски и Граџан.
Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „САП Арена“ со почетокот во 20:45 часот.