ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Кристопанс во конкуренција за мечот со Веспрем

Европскиот првак Вардар со големи проблеми ќе го пречека унгарски Веспрем во последниот меч од 10. коло во рамки од групата Б.

Добри вести доби Едуард Кокшаров кој ќе може да смета на Даинис Кристопанс за овој тежок натпревар во Скопје. Ова ќе биде второ соочување на овие две екипи оваа сезона. На првото без големи проблеми Унгарците го одбранија домашниот терен и ги освоија бодовите со победа од 39-30.

По одличниот старт и трите победи во низа, „црвено-црните“ значително паднаа во форма и се мачат да прокнижат бодови на европските натпревари. Последниот успех е оној против Мешков Брест пред своите гледачи на почетокот на ноември.

Натпревар меѓу Вардар и Веспрем, кој е реприза од финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, се игра денес со почеток од 17:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4