ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Кил со 14 играчи ќе гo пречека Вардар

Екипата на Вардар денес им се враќа на обврските во ракометната Лига на шампионите. Во Германија, вардарци гостуваат кај европскиот гигант Кил, во првиот овогодишен натпревар од елитното натпреварување на ЕХФ.

Овој дуел ќе биде и официјално деби на новиот стратег на „црвено-црните“ Стевче Алушовски, кој за Германија отпатува без неколку стандардни првотимци. Во неговиот тим отсуствуваат Дисингер, Шишкарев и Кугис, а се очекува деби да има летното засилување Толедо. Друштво на Гебдан на голманската позиција ќе му прави Гогов, кој доби предност пред Кизиќ.

На другата страна, пак, Кил за овој дуел на располагање ќе има 14 ракометари. Поради повреда во составот го нема Лукас Нилсон, но тука се Дивњак, Екберг, Ландин, Зарабец...

  • Официјалните состави за натпреварот Кил – Вардар: 

Дуелот меѓу Кил и Вардар се игра вечерва од 19:00 часот, а за главни судии се делегирани Летонците Зигмарс и Ренарс.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4