ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Брестовац со сите сили ќе ја напаѓа Турција 

Најдобрата македонска ракометна репрезентација вечерва го има последното гостување од евро-квалификациите, откако во Ескишехир ќе се судри со домашната селекција на Турција

Натпреварот се игра од 18:00 часот, а двата селектори веќе ги отркија адутите со кои ќе атакуваат на нови бодови. Според очекувањата кај нашата селекција нема ниту една промена од последниот список на Брестовац, додека кај Туриците ќе отсуствува само искусниот голман Танер Гунај. 

Во првиот меѓусебен дуел, кој се одигра во Битола, Македонија славеше не така убедлива победа од 31-27. По вечерашното гостување, нашите момци се враќаат во Македонија и ќе се подготвуваат за дуелот со Грција, кој се игра в недела од 18:00 часот во Струмица.