ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Алушовски со тројца голмани ќе се „брани“ од Монпелје

Европскиот шампион Вардар, попладнево го игра последниот натпревар пред својата публика во рамки од групната фаза на Лигата на шампионите. Во Скопје гостува тимот на Монпелје, кој исто како вардарци посакува победа на овој дуел, за да ги сочува шансите за повисок пласман во групата А.

Веќе подолг период македонскиот тим се соочува со сериозни проблеми во играчкиот кадар, а за денешниот меч со Французите, Стевче Алушовски повторно не може да смета на повредените Дисингер и Кугис и во својот ростер ќе има 16 ракометари, од кои на позицијата голман има три имиња.

  • Официјалните состави за натпреварот Вардар – Монпелје:

Со евентуална победа, Вардар ќе може да се искачи на петтата позиција на табелата, но за тоа ќе му биде потребна помош од Мешков Брест, кој треба да го победи Порто.