• Сашо Поповски

Дејан Манасков стигна до јубилејна бројка голови во денешната победа на Веспрем против Фернецварош (29-25).
Македонското лево крило успеа да запише 400 гола во дресот на унгарскиот гигант.
Dejan Manaskov has just scored his 400th goal in Veszprém jersey today against FTC! Well done Deki!#RedUnited pic.twitter.com/XGb9kazETA
— VeszprémHandballTeam (@telekomveszprem) November 11, 2020
Веспрем остана перфектен и деветти пат во новата сезона остана непоразен. Разликата на денешната средба ја направи во вториот дел, откако на полувреме се замина со нерешен резултат (15-15).
Нашиот интернационалец одигра вистинска симултанка и постигна дури 16 погодоци во гостинската мрежа.