• Иван Димовски
Европската ракометна федерација ги потврди шеширите за ждрепката за баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година која ќе се одржи утре.
Македонија со победата над Романците и ремито со Португалија се пласира на третото место во групата и ќе биде носител во извлекувањето. Поради тоа, ги избегнуваме селекциите како Франција, Норвешка, Шпанија, Словенија во баражот.
- Шешири пред ждрепката за мундијалскиот бараж:
Прв шешир: Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Македонија, Холандија, Австрија
Втор шешир: Чешка, Италија, БиХ/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литванија, Полска/Летонија, Турција/Романија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора
Извлекувањето на паровите за баражот е закажана за в сабота во терминот од 15:00 часот.
