• Иван Димовски

Ракометната федерација на Македонија ги одреди паровите за завршницата од Купот на Македонија која ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. По две години „фајнал-фор“ турнирот се враќа во овој град.
Преку ждрепка беше одредено дека освојувачот на трофејот од минатата сезона Алкалоид ќе се судри со најтрофејниот Вардар. Во второто полуфинале играат екипите на Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид.
- Полуфинални парови во Купот на Македонија:
31 мај
Вардар 1961 - Алкалоид (17:00 часот)
Еурофарм Пелистер - ГРК Охрид (19:30 часот)
Финалниот натпревар е закажан за 1 јуни и ќе се игра во терминот од 17:30 часот.
Ланскиот трофеј го брани екипата на Алкалоид која имаше сличен пат како и оваа сезона. Тимот на Кирил Лазаров минатата сезона прво по пенали го елиминира Вардар во полуфиналето, а потоа во мечот за трофејот со 25-23 го совлада Еурофарм Пелистер за прв историски трофеј.