ФОТО: Одморот заврши – Талески и РНЛ ги „запалија моторите“! 

Иако се шпекулираше дека можна е разделба, македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески се појави на првата прозивка на својот клуб Рајн Некар Левен.

Младиот бек по бурното лето и свадбата со својата долгогодишна девојка Ена, се врати во Германија и ги започна подготовките со поранешниот германски шампион. 

На првиот тренинг присуствуваа и новите засилувања на тимот Ромaн Лагард, Уве Генсхајмер и Никлас Киркелоке кои ќе добијат клучна улога на новиот тренер Кристијан Андерсон, кој на чело на клубот седна ова лето како замена за Николај Јакобсен. 

Рајн Некар Левен ланската сезона во Бундеслигата ја заврши на четвртата позиција на табелата и не обезбеди учество во Лигата на шампионите.