• Мартин Танасковски

Спортот во Македонија е паузиран заради седумдневната жалост прогласена по трагедијата која се случи во ноќниот клуб во Кочани во која во пожар животот го загубија најмалку 59 лица.
Сите настани се одложени, нема да има спорт најмалку до понеделник. Заради згуснатите распореди, почнаа веќе да се закажуваат шампионатите.
Суперлигата во ракомет требаше да го има последното коло од регуларниот дел од сезоната за време на викендот, но истото е поместено за три дена. Натпреварите наместо на 23 март, ќе се одиграат на 26 март.
Се очекува наскоро да бидат закажани и другите спортски настани кои се одложени заради седумдневната жалост.