Одложено гостувањето на ППД Загреб кај Нант и Лазаров!

Лазаров

Во текот на оваа недела Нант требаше да го пречека ППД Загреб во рамки од Лигата на шампионите. Тоа нема да се случи бидејќи ЕХФ го одложи мечот на барање на екипата на Владо Шола.

Причина за оваа одлука се позитивните случаи на коронавирус во хрватскиот првак. Од тимот побараа терминот за одигрување на мечот да биде променет и добија позитивен одговор од Европската ракометна федерација.

Тимот на Кирил Лазаров им соопшти на фановите дека сите купени влезници ќе важат и за денот кога ќе биде презакажан овој натпревар.

Нант ќе се насочи на домашните обврски и на дуелот против Кретил в недела.