Одложено големото дерби меѓу Ѓер и Будуќност

Унгарските надлежни органи го сместија Ѓер во карантин од десет дена, поради проблеми со коронавирусот.

Еден член на европскиот првак добил позитивни тестови, па поради тоа саботното дерби против Будуќност е одложено. ЕХФ доби известување и веднаш беше донесена оваа очекувана одлука.

Оваа пауза од две недели без настап во Лигата на шампионите добро ќе му дојде на црногорскиот шампион. Тој има проблеми со повредени ракометарки, поради што запиша порази против Подравка, ЦСКА и Одонзеа.

Натпреварот требаше да се одигра во Подгорица оваа сабота со почеток од 18:00 часот.