Одложено дербито меѓу Пелистер и Еурофарм Работник!

Првото градско дерби меѓу битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, кое е дерби и на првото коло од Суперлигата, е одложено и нема да се игра во текот на утрешниот ден како што беше првично најавено.

Причината е технички проблем во салата во Битола, мечот е одложен на барање на раководството на „зелените“, а со согласност од противникот Еурофарм Работник и Ракометната федерација на Македонија.



View this post on Instagram


Официјално натпреварот РК Пелистер - Е.Работник се одложува !! Проблемот поради кој се одложува градското дерби е од техничка природа и поради константното реновирање на спортската сала "Боро Чурлевски" која влезе за исполнување на ЕХФ стандардите и подготовката за натпреварот Македонија-Турција . Новиот термин за натпреварот кој требаше да биди дерби на колото дополнително ќе го соопштиме во координација со Еурофарм Работник и Ракометната федерација на Македонија , додека место и времето остануваат исти Спортска Сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:30 минути. Воедно му се извинуваме на сите наши фанови и битолски љубители на ракометот што нема да можат да го проследат дерби дуелот во викенд термин но затоа битолската пресметка нема да изостане и очекуваме голема посетеност и подршка за нашите "зелено-бели" во новиот термин престојниот вторник (18.09.2018) Со почит , РК Пелистер .

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) on

Новиот термин за натпреварот кој се очекува да донесе многу возбудливи моменти, најверојатно ќе биде вторник, а место и времето остануваат исти - сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:30 минути.