Одложен мечот Металург - Фајверс поради позитивни случаи на коронавирус

Дуелот на Металур и Фајверс во рамки од Европската лига е одложен поради позитивни случаи на коронавирус кај австрискиот претставник.

Овој меч требаше да се одигра наредната недела, но гостите побараа истиот да биде преместен за друг датум. Мечот беше одлична шанса за македонскиот тим да ја запише првата победа во новата сезона, со оглед на тоа што ќе се надигруваше со екипата со сличен квалитет.

По првите две кола, Металург има два порази, од Тулуз дома и Адемар Леон на гостински терен.

Ваквата одлука на ЕХФ значи дека ракометарите на тимот од Автокоманда ќе добијат неколку дена екстра одмор.

Најнови вести од
Европска лига (М)