• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на пријателските натпревари со Хановер кои ќе служат како подготовка за новата сезона.
Хановер беше подобар од Нордхорн-Линден во тест-натпреварот (29-21), а македонскиот среден бек беше одличен без ниту едно промашување. Кузмановски го заврши натпреварот со шест гола од шест обида, исто така запиша и шест асистенции.
Филип Кузмановски ја крена формата во Хановер минатата сезона и добива редовна минутажа од тренерот. Оваа сезона се очекува тој да има поголема улога во бундеслигашот кој оваа сезона ќе се обиде да нападне место во еврокуповите.