Селекторот на женската репрезентација, Симе Симовски има причини за задоволство пред двата квалификациски дуели со Фарски Острови. Повратничката на списокот, Марија Штериова игра во одлична форма во дресот на Дунареа Браила.
Тимот од Браила славеше со 28-25 во четвртфиналето од Купот на Романија и се пласираше на завршниот турнир. Македонската интернационалка беше главен играч во нападот и успеа да постигне седум голови.
На завршниот турнир освен Дунареа, ќе играат и ЦСМ Букурешт, Роман и победникот од дуелот меѓу Корона и Валчеа.