Одлична партија за Костоски и Мијушковиќ, Струга лесно го надигра Радовиш

Ракометарите на Струга без поголеми проблеми извојуваа победа во натпреварот од седмото коло во Суперлигата и славеа со сигурни 30-25 над екипата на Радовиш. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Струга и Радовиш: 

Избраниците на Наум Танески уште во првите триесет минути го најавија триумфот и не ја испуштија предноста до самиот крај на мечот. На паузата Струга водеше со резултат 15-9, а во второто полувреме рутински ја доработи задачата и се израдува на само вториот успех сезонава (30-25)

Најефикасни ракометари во победничкиот состав беа Ненад Костоски и Богдан Мијушковиќ со по седум голови, додека кај Радовиш пет гола постигна Ристе Атанасов, а Филип Костадинов додаде еден помалку.

Струга сега има две победи на суперлигашката табела, додека Радовиш останува закован на дното, без ниту еден триумф досега.