Одлична партија на Таоуфик, Пролет лесно мина низ Радовиш

Ракометарите на Пролет 62 без поголеми проблеми го совладаа тимот на Радовиш со 20-29 во натпреварот од десеттото коло во македонската Суперлига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Радовиш и Пролет 62: 

Избраниците на Александар Јовиќ уште во првите триесет минути покажаа дека се дојдени по бодовите, а тоа го потврдија со убедливо водство на паузата (8-14). Слична слика на теренот видовме и во вториот дел, гостите од Скопје продолжија со силниот налет и не му дозволија на домаќинот ниту да се понадева на некакво изненадување. 

Пролет стави во посилна брзина и во завршниот период го торпедираше домаќинот, па на крајот сосема заслужено стигна до третиот сезонски триумф, додека Радовиш останува без победа. Најефикасен во победничкиот тим беше Мохамед Таоуфик со осум погодоци, а кај радовишани Здравко Постолов постигна четири голови.