Одензе ја освои Будимпешта, женската Лига на шампиони почна со изненадување!

Новата сезона во Лигата на шампионите во ракомет за жени започна со изненадување. Унгарскиот гигант Ференцварош на домашен терен загуби од Одензе од Данска со 32-34, во дуел во кој двете екипи се менуваа во водството во текот на сите шеесет минути. 

Кристијансен Бакеруд со седум гола беше прво име на натпреварот, а Ардал, Хансен и Дела Рушфелд со по пет гола исто така одиграа одличен натпревар. Во поразениот Ференцварош отскокнаа Вогел и Клујбер со по осум гола. 

Романскиот претставник Глорија Бистрица го искористи домашниот терен и го совлада Сторхамер со 29-26. Со Делгаго Пинто со осум и Асука Фујита со седум гола беа архитекти на домашната победа, а Мероника Мала со седум погодоци беше најдобра кај поразениот тим.

Денес се играат уште натпреварите Брест Бретоњ - Крим Меркатор и Подравка - Сола

ФОТО/PHOTO: EHF