Одбрани најдобрите: Гугуљанова е МВП, а најдобра е голманката на Спартак

Ракометната федерација на Македонија ги додели индивидуалните признанија за завршниот турнир кај дамите во Купот на Македонија. 

Трофејот во салата „Парк“ во Струмица го одбрани екипата на Ѓорче Петров. До трофејот шампионот го водеше Марија Гугуљанова која одигра добри два натпревари и го доби признанието за МВП на турнирот.

  • Индивидуални признанија на завршниот турнир:

Најдобар стрелец на турнирот: Сузана Зечевиќ (Спартак)
Најдобар голман: Слободанка Кицевска (Спартак)
МВП на турнирот: Марија Гугуљанова (Ѓорче Петров)

Освен Гугуљанова, останатите две признанија заминаа кај Спартак. За најдобра голманка беше избрана Кицевска, додека Зечевиќ беше најдобар стрелец.